РАКОМЕТСПОРТ

Франција преку Норвешка до третата светска титула

Франција ја освои титулата на женскиот Мундијал. Во финалето, Франција ги победи бранителките на трофејот Норвежанските со 31:28 (20:17).

Франција трет пат, во седмото финале, го освои златниот медал. Апсолутно заслужено, бидејќи на ова Светско првенство два пати успеа да ја победи Норвешка.

Со исклучок на првите 15 минути, кога Норвешка стекна предност од два гола, Франција во целост го контролираше натпреварот. Одличната одбрана ги натера Норвежанките на голем број грешки (1‘0, од кои неколку на Нора Мерк се случија во клучните моменти на натпреварот.

Граво и Хорачек ја предводеа Франција со пет гола, гол помалку Канор и Валентини. Мерк со осум гола беше најефикасна кај Норвешка, шет гола постигна Офтендал, а пет Реистад.

Бронзата на СП ја освои Данска со победата над Шведска 28:27.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button