ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Кочани кои што претрпеа материјална штета во пожарот ќе добија помош од општината

Сите материјални штети предизвикани од пожарите во Кочани ќе бидат обештетени. На терен општинската комисија прави проценка на штетите, а на жителите им се доставуваат формулари за да може да пријават колкави материјални штети имаат. Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев вели дека одвоените два милиони денари би биле доволни за да се обештетат жителите. Но, доколку има потреба за дополнителни средства, ќе бараат од државниот буџет.

„Оваа првична сума од два милиони денари сметам која што ја издвоивме е доволна за да интервенираме, а секако ќе знаеме по завршување на проценките кои се во тек, а уште вчера комисите се на теран и вршат проценка на штетите кои се настанати од пожарот. Како локална самоуправа направивме и формулар за граѓаните на поедноставен начин да ги пријавуваат штетите“, рече Николчо Илијев- Градоначалник на Кочани.

За граѓаните кои имаат материјални штети на имот, а истите им се осигурени, обештетување ќе чекаат од осигурителните компании. Илијев уверува дека и за жителите кои одгледувале добиток без одобрение за користење на државно земјиште, ќе бидат обештетени.

„Има и луѓе кои што одгледувале добиток на земјиште на Македонија без соодветни одобренија, но во моментов не гледаме кој имал одобрение или не туку зборуваме за проценка на штетите и секако ќе направиме се за секој да биде обештетен во рамките“, додава Илијев.

Пожарот во Кочани е локализиран. Опожарени се стотици хектари шумска површина. Огнот зафатил неколку домови уништувајќи ги крововите и фасадите, опожарени се и возила, фарми и помошни објекти. Најголема загуба е меѓу добитокот и живината кои го чувале жителите во Белско Маало и кај дивите животни.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button