СПОРТ

Зимските олимписки игри во Пекинг исто како и Летните – без гледачи на трибините

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат по истиот принцип како и Летните игри каде нема да бидат дозволени гледачи на трибините. Причината за ова е пандемијата „Ковид 19“, а веста ја потврди претседателот на Меѓународната хокеарска федерација, Рене Фазел. „Ќе ја дознаеме конечната одлука дали ќе има гледачи на трибините на Зимските игри во октомври. Од она што го имаме како информација досега, повеќе од сигурно е дека нема да биде дозволено присуство на гледачи“, рече меѓу другото Фазел. Олимписките зимски игри во Пекинг треба да се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button