ЕКОНОМИЈА

21 јануари 1899: пред 125 години, Opel започна да произведува автомобили

  • Почеток на една ера: со потпишувањето на договорот, во 1899 година, Opel прерасна во производител на автомобили.
  • Моментално најпродавани модели “made in Rüsselsheim”: Opel Astra и Astra Sports Tourer.
  • Јубилеј во знакот на електромобилноста: електрична верзија за секој модел на Opel во 2024.

Руселсхајм. 2024 година е посебна година за Opel и ќе изминува во знакот на електромобилноста. За прв пат во историјата на брендот, секој модел ќе добие електрична верзија, првенствено новата Opel Astra Sports Tourer Electric, еден од првите 100% електрични караван автомобили на пазарот.

Компанијата пред 125 години ја постави основата за мобилност на четири тркала, иновативна и ориентирана кон иднината. Wilhelm Opel, син на основачот на компанијата Adam Opel, на 21 јануари 1899 година потпиша Договор со браварот Friedrich Lutzmann, за купување на неговата Motorwagenfabrik (фабрика за автомобили), што беше почетен сигнал за производство на автомобили Opel. Ова го означи почетокот на новата ера која има испишано историја многу подалеку од Rüsselsheim. Претходно успешен како производител на машини за шиење и велосипеди, Opel се впушти на територија непозната за компанијата пред точно 125 години.

Оттогаш, повеќе од 75 милиони возила на Opel ги напуштија производствените погони ширум Европа. Еден од актуелните бестселери доаѓа од Rüsselsheim: најновата генерација на Opel Astra. Додека Opel ја одбележува 125-годишнината од производството на автомобили и го зацрта патот за иднината, иновативниот модел од компактна класа денес излегува од производната лента со напредни технологии и електрифицирани погонски единици без издувни гасови.

Извршниот директор на Opel, Florian Huettl изјави: „ Ние сме на почеток на нова ера исто како ù Opel пред 125 години. Тогаш компанијата стана пионер со влегувањето во автомобилската индустрија. А, во денешно време, Opel е електричен пионер, кој нуди мобилност без емисии како што е на пример новата Astra Sports Tourer Electric. Како и првиот автомобил на Opel, и овој автомобил доаѓа од Rüsselsheim. Ние сме горди на ова наследство и затоа Opel ќе ја слави годишнината од 125 години производство на автомобили, во знакот на електромобилноста“.

Доцните 1890-ти: од машини за шиење и велосипеди до автомобили

Успешната приказна на Opel започна во 1862 година. Adam Opel ја создаде својата прва машина за шиење во Rüsselsheim, поставувајќи ги темелите на компанијата. Opel наскоро се разви во еден од најголемите производители на машини за шиење во Германија и извезуваше низ цела Европа. Велосипедот за Opel беше успешна основа за понатаму. Првиот penny-farthing е изграден во Rüsselsheim во 1886 година, со што Opel стана еден од првите производители на велосипеди во Германија. Во 1920-тите, паралелно со автомобилскиот бизнис, Opel стана најголемиот светски производител на велосипеди, успех за кој беа одговорни синовите на починатиот основач на компанијата.

Тие се исто така, оние кои ја направија фундаменталната промена во моторизираниот транспорт за компанијата Opel. Поради падот на бизнисот со велосипеди во 1890-тите, браќата Opel бараа нови производи и наидоа на автомобилите. Fritz и Wilhelm Opel го посетија првиот германски саем за автомобили во Берлин во 1897 година и таму се сретнаа со Friedrich Lutzmann. Мајсторот за брави произведуваше моторни автомобили од 1894 година и затоа го имаше искуството што го бараа браќата Opel. Тој ги покани браќата Opel во неговата фабрика во Dessau каде Fritz и Wilhelm веднаш го препознаа потенцијалот за производство на автомобили што им го понуди Lutzmann.

Додека сите инволвирани првично размислуваа за соработка, браќата Opel му дадоа на Lutzmann атрактивна понуда за целото производство, вклучувајќи земјиште, зграда и опрема за работилница. На 21 јануари 1899 година, Wilhelm Opel и Friedrich Lutzmann потпишаа договор за куповна цена од 116.887 марки и фабриката станала сопственост на Opel.

Целата компанија, вклучувајќи ги вработените и машините, беше преместена од Dessau во седиштето на Opel во Rüsselsheim. Самиот Lutzmann беше назначен за менаџер за продажба на Adam Opel Motorfahrzeug-Fabrik.

Преземањето на производството и лиценцата значеа дека Opel веднаш стекна долгогодишно искуство во производство на моторни возила. Оттогаш, Lutzmann и избраните вработени кои работеа на производството на велосипеди во Opel, произведуваа автомобили под името Opel во специјално изградената зграда. Првите рекламни натписи за новите модели се појавија уште во пролетта 1899 година и гласеа: „Моторните возила на Opel се најдобри“.

Пионерско достигнивање од Rüsselsheim: новата Astra Sports Tourer Electric

Додека пред 125 години Opel-Patentmotorwagen System Lutzmann беше пионерско достигнување како прв автомобил од Rüsselsheim, денес тоа е најновата генерација на бестселерот Opel Astra, кој е дизајниран, развиен и произведен таму. Особено динамичните електрифицирани врвни модели Astra GSe и Astra Sports Tourer GSe (потрошувачка на гориво според WLTP: 1,3 l/100 km, емисија на CO2 30-29 g/km) излегуваат од производната лента во Rüsselsheim, заедно со новата Astra Sports Tourer Electric. Целосно електричниот компактен караван, еден од првите од ваков тип, ја имаше својата светска премиера на минатогодишниот IAA Mobility, импресионирајќи ги сите со својот дизајн, удобност и просторност, а особено со своите перформанси. Електричниот мотор испорачува 115 kW/156 КС и моќни 270 Nm максимален вртежен момент. И додека многу други електрични автомобили се ограничени на 150 km/h или 160 km/h, новата Astra Sports Tourer Electric може да достигне максимална брзина до 170 km/h. Овозможен е и опсег до 413 km (WLTP ) со едно полнење на батеријата. Достапни се и најсовремените технологии, како што се водечките светла во калсата Intelli-Lux LED Pixel со 168 LED елементи и системот Intelli-Drive 2.0 со полуавтоматско менување лента и интелигентно прилагодување на брзината.

125 години по почетокот на производството на автомобили во Rüsselsheim, Opel и неговите клиенти чекорат кон иднината без емисии, со возила кои се забавни за возење и погодни за секојдневна употреба. 2024 година ќе биде обележана со големиот јубилеј и континуираното патување на Opel кон електрификација, придружено со прослави, како и со иновативни нови модели. Повеќе информации за годишнината ќе следат наскоро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button