ЗДРАВСТВО
Разрешен директорот на Кардиохирургија

Министерот за здравство Илир Демири денеска соопшти дека е разрешен медицинскиот директор на Клиниката за кадриохириргија, Марјан Шокаровски.
На прес-конференција, Демири рече дека по информациите за поголема смртност на оваа Клиника, формирана е комисија и во извештајот што го добил во петокот немало некои позначајни остапувања, но денес добил податок дека 170 пациенти не се регуларно внесени во „Мој термин“.
– До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања.