ЗДРАВСТВО

Досега вакцинирани над половина милион граѓани, вчера аплицирани 13 810 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 500 995 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4 098 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13 810 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 862 426 дози вакцини, а ревакцинирани се 361 431 граѓани.

Advertisements

Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button