ЗДРАВСТВО

За оптимална заштита од ковид ќе треба да се вакцинираат 90 отсто од луѓето, сметаат американски експерти

Повеќе претставници на здравствените власти во САД сметаат дека стапката на вакцинација ќе треба да достигне 90 проценти или повеќе за да се постигне оптимално ниво на заштита од ковид-19.

Advertisements

Присуството на делта-варијанта на вирусот дополнително ја зголеми потребата луѓето да се вакцинираат, изјавија функционери за „Ју-ес-еј тудеј“ во извештај објавен вчера.

„Она што го научивме од делта-сојот и го гледаме за оваа варијанта е дека постигнувањето на вистинското ниво на заштита за населението бара да биде 90 отсто“, рече Том Мекарти од Одделот за здравство на Род Ајленд.

Слично мислење има и доктор Ерик Топол од истражувачката група „Скрипс“.

„Сега ни требаат 85 до 90 отсто вакцинирани против делта-сојот“, рече Топол за „Ју-ес-еј тудеј“.

Доктор Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести, во мај рече дека уште еден бран на инфекција може да се спречи доколку до 4 јули се вакцинираат 70 проценти од населението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button