ЗДРАВСТВО

Три дози „Фајзер“ штитат од омикрон, според израелско истражување

Израелски научници вчера објавија дека откриле дека тројната вакцина против коронавирус со „Фајзер/Бионтек“ обезбедува значителна заштита од нова варијанта омикрон.

Advertisements

Заклучоците од истражувањето се слични со оние што претходно неделава беа презентирани од „Бионтек“ и „Фајзер“, што беше прв знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новоидентификуваната варијанта на коронавирус.

Истражувањето, спроведено од медицинскиот центар „Шеба“ и Централната виролошка лабораторија на израелското Министерство за здравство, ја спореди крвта на 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред пет-шест месеци со исто толку луѓе кои ја примале третата доза пред точно еден месец.

„Лицата кои ја примија втората доза пред пет или шест месеци немаат способност да го неутрализираат омикронот. Добрата вест е што со третата доза за 100 отсто се зголемува способноста за неутрализирање. Има значителна заштита со третата доза. Таа е пониска од способноста да се неутрализира делта варијантата или за околу четири пати помала“, изјави Гили Регев-Јочај, директор на Одделот за заразни болести во Шеба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button