ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иселениците во Куманово ја подобрија економијата, го блокираа сообраќајот

Оваа слика веќе две недели е реалност за граѓаните на Куманово. Голема раздвиженост, густ сообраќај и полиција низ градот. Доаѓањето на иселениците го врати животот во градот кој му недостига речиси цела година. Но, движењето е отежнато. Сепак, граѓаните велат дека гужвите ќе им недостигаат кога нивните блиски ќе тргнат назад кон европските земји.

Имаше густ сообраќај. Движењето беше слободно, но имаше потешкотии. Дали имаше живост кога се вратија иселениците од надвор? Да, секако. Имаше раздвиженост на граѓаните. Најдобро се чувствувавме во кругот на семејството и убаво си поминавме за Нова Година.

Бизнисите заживеаја. Најголем профит регистрираа златарниците и угостителите. Но, некои трговци се жалат.

Оваа година имавме малку повеќе работа. Цените не се високи, нормални се.

Дали имаше поплаки за високи цени?

Сите се жалат поради ниските плати, не можат да купуваат. Овие што дојдоа од странство донесоа повеќе профит?

Многу малку. Им благодариме што доаѓаат, но немаше толку многу.

Граѓаните се жалат и за немање паркинг простор околу пазарот и другите фреквентни точки во градот.

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button