ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: „Никој не одговара за 14-те граѓани кои изгореа во Тетово“

Четири месеци по трагедијата во Тетово, сè уште никој не одговара за 14-те граѓани кои изгореа живи, реагираа денеска од Алијанса за Албанците. Според партијата, актуелниот режим уште од првите денови по трагедијата почнал да ја крие вистината, трагите од злосторството и да ги исмева роднините на жртвите депонирајќи, а потоа отфрлајќи ги оставките. За иронијата да биде поголема, се наведува во реакцијата, министерот и заменик-министерот за здравство не беа разрешени кога живи изгореа 14 тетовци, туку кога требаше да се прават политички пазарења за да преживее режимот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button