Тимот на Милан синоќа загуби од Лил со 3:0 на домашен терен во дуел од 3. коло од групната фаза во Лигата на Европа.
Овој пораз е прв за „росонерите“ на 25 натпревари. На претходните 24 средби, фудбалерите предводени од тренерот Стефано Пиоли имаа биланс од 18 победи и шест нерешени натпревари.
Серијата на тимот на Милан започна од рестартирањето на минатата сезона, која претходно беше прекината поради коронавирусот.