МАКЕДОНИЈА

Ахмети не очекува дека БЕСА ќе се повлече од Владата

Изјавата на генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, дека „Желино кое создаде партија (како Движењето БЕСА), може да стане и Желино што ја урна Владата!“, лидерот на ДУИ ја опиша како емотивна изјава дека имал намера да изврши притисок врз институциите.

„Емотивна изјава, и директен притисок врз органите кои се надлежни да воведат ред и правда во државата. И мислам дека тоа е притисок врз институциите. Не мислам дека Движењето БЕСА ќе се повлече, бидејќи нанесува штета на дотичната партија, но верувам дека тоа е еден вид притисок врз коалицијата, но коалицијата не е оштетена од ваквите изјави и притисоци. Но, тоа не е добро бидејќи се врши притисок врз институциите“, изјави Ахмети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button