ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прекината седницата за верификација на мандатите на новите пратеници

По пауза поради одржување на локалните избори, Собранието денеска ја почна 51-та седница. На почетокот на седницата беше констатирано престанување на мандатите на пратениците кои на локалните избори беа избрани за градоначалници во општините во кои тие конкурираа.

Тоа се Костадин Костадинов од СДСМ, кој сега е градоначалник на Струмица, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е нов градоначалник на Општина Аеродром. Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана градоначалник на Општина Бутел, Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ нов градоначалник на Штип, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ кој е избран за градоначалник Охрид и Биљал Касами од БЕСА, кој е градоначалник на Тетово.

За новите пратеници, чиј мандат треба да биде верификуван, на местото на оние досегашни пратеници кои заминуваат во локалната самоуправа, Собранието ќе почека Државната изборна комисија да го достави списокот на кандидатите кои доаѓаат на нивните места од редовите на избирачките листи од партиите на минатите избори.

Токму затоа претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата. Тој очекува до 14 часот да ги добијат списоците од ДИК, по што треба да продолжи седницата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button