РЕГИОН

Ако уште некој го признае Косово, продолжува кампањата за повлекување на признавањатa, вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека „ако некој донесе одлука за признавање на Косово како независна држава“, Србија „веднаш ќе ја започне кампањата за повлекување на признавањето на Косово“. Коментарот го даде по изјавата на Ердоган дека ќе работи со американскиот претседател Џо Бајден за да се зголеми бројот на држави што го признаваат Косово. Ердоган рече дека ќе го покрене ова прашање за време на Генералното собрание на ООН оваа есен. Косово прогласи независност во 2008 година. Според списокот објавен на веб-страницата на Министерството за надворешни работи, Косово го признале 117 земји. Во септември минатата година, Косово и Србија потпишаа договор во Вашингтон, според кој Србија мораше да ја прекине кампањата за непризнавање на Косово, додека Косово мораше да почитува едногодишен мораториум, да не аплицира за членство во меѓународни организации. Мораториумот истекува на почетокот на септември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button