РЕГИОН

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една седмица

Актуелните мерки и правила за патување во Грција, односно задолжителниот европски сертификати за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, се продолжени за уште една седмица, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапува во сила утре наутро, а ќе важи до 11 април 2022 година.

Промени има во однос на времетраењето на одлука и овој пат е една, а не две седмици, како што беше случај досега, како и во одредбите за изолација во случај на позитивен резултат при тестирањето на влезните точки во земјата, одредби кои не се вклучени во новата одлука.

Во однос на документот поврзан со Ковид-19, правилата остануваат непроменети, сертификатот за вакцинација е со важност од девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид, а МИА детално ги пренесува правилата за патување во Грција.

Влез во земјата е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 35 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Северна Македонија.

Патниците ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест.

За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button