ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса бара Ковачевски да одговори за лажните владини „новинари“ во Софија

Алијанса бара Ковачевски да одговори за лажните владини „новинари“ во Софија

Пратеникот на Алијансата за Албанците Халил Снопче побара одговорност од премиерот Димитар Ковачевски зошто молчи за скандалот во кој шестмина владини службеници отпатувале во Бугарија, заведени како новинари.

На седницата за пратенички прашања Снопче побара од Владата да докаже дека службениците не патувале како новинари. تكساس هولدم بوكر

“Ако велите дека патувале како дел од службите, а не како новинари, зошто нема одлука на Владата дека се дел од логистиката и персоналот за организацијата, туку одлуката е да патуваат како новинари? Ве потсетувам дека шетањето по луксузни хотели на сметка на граѓаните и користењето на професијата новинар е кривично дело и злоупотреба… Ве прашав, дали го поседувате документот од четвртата седница на владата каде што таксативно е наведено дека не патувале како новинари, бидејќи јас поседувам ист документ каде што пишува нешто друго, а не тоа што се вели во вашиот одговор“, рече Халил Снопче, пратеник на АА.

Премиерот не објави документ со кој би покажал дека владините функционери патувале како дел од организациониот кадар, но рече дека одлуката на седницата на Владата била погрешно протолкувана.

Но, во одлуката на Владата јасно стои дека:

„Службата за општи и заеднички работи, да ги преземе сите потребни активности и координација за сместување и превоз на новинарите кои ќе учествуваат и известуваат на заедничката меѓувладина седница на РС Македонија и Р Бугарија, за покривање патни трошоци и хотелско сместување за новинари, како и обезбедување бесплатни PCR тестови“, се вели во Записник од 4-та седница на Владата.

Никаде во оваа одлука на Владата не се истакнува и потребата од сместување службеници на Владата. العاب قمار كازينو

Додека документот со кој се бара резервација на шест соби за шест новинари ги содржи имињата на вработените во Службата за општи и заеднички работи на Владата, меѓу кои и името на директорот на службата Пеце Мирчевски.

Алсат обезбеди и документи кои докажуваат дека вработени во Владата патувале во Софија со службени владини возила. لعبه روليت /Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button