СПОРТ

Алкараз и Зверев стигнаа до четвртфиналето, Маросан приреди изненадување

Карлос Алкараз се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами, откако во два сета со 6-3, 6-3 за 87 минути игра го совлада Италијанецот Лоренцо Мусети. Шпанецот, кој минатата недела го освои трофејот во Индијан Велс, во четвртфиналето ќе се сретне со Григор Димитров кој го надигра Хуберт Хуркач со 3-6, 6-3, 7-6/3.

Александар Зверев  одигра еден од најдобрите мечеви оваа сезона и избори пласман меѓу најдобрите осум на турнирот од Мастерс серијата во Мајами. Актуелниот олимписки шампион за 70 минути го совлада pусинот Карен Хачанов со 6-1, 6-4.

Негов ривал за место во полуфиналето изненадувачки ќе биде yнгарецот Маросан, кој во три сета го победи фаворизираниот Де Минор со 6-4, 0-6, 6-1.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button