ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид да се пролонгира до крајот на 2026 година, предлага Владата

До крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид предлага Владата, која денеска на седница утврдила предлог одредби за законски дополнувања со цел склучување нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Синохидро“.

-Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа Информацијата за потребата од донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид и ги утврди предлог одредбите на дополнувањето. Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, информира владината прес-служба во соопштение по седницата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button