СПОРТ

Алкараз лесно до четвртфиналето, прв пат го победи Марошан

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако  во осминафиналето го совлада унгарецот Фабијан Марошан со 6-3, 6-3. Oва беше втор дуел меѓу шпанскиот и унгарскиот тенисер, а прв триумф на Алкараз.

Во првиот сет се играше гем по гем до резултат 3-3, а потоа шпанецот освои три последователни гема и го доби овој дел од мечот со резултат 6-3.

Алкараз направи брејк во шестиот гем од вториот сет и поведе со 4-2. Шпанскиот тенисер до крајот на вториот сет одржуваше водство од три гема и заслужено победи.

Карлитос во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу германецот Александар Зверев и австралиецот Алекс де Минор. Шпанецот ја брани титулата на Мастерсот во Индијан Велс, откако минатата година во финалето го совлада Данил Медведев со 6-3, 6-2.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button