ЕКОНОМИЈА

Алма М повлекува неколку серии сладоледи од пазарот

Компанијата Алма М ги информира потрошувачите дека повлекува од продажба дел од производите.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Почитувани Потрошувачи,

Алма М ги повлекува од пазарот на РСМ, сладоледите од следните серии со рокови на траење:

Причина за повлекување: Froneri Франција и Полска, како производители на горенаведените производи, е информирана од еден од нивните добавувачи за неправилностите во составот на стабилизаторите кои се дел од составот на производите во ограничена и мала серија на производи. Стабилизаторот се употребува во производство на сладолед и го користат поголем број на производители како редовна состојка во нивното производство. Горе наведените серии на сладоледи содржат количина на Етилен Оксид во составот на стабилизаторите кои ги надминуваат дозволените граници соогласно Европските регулативи и поради тоа не се безбедни за човечка исхрана.

Стабилизаторите кои се употребуваат од Froneri се комбинација од различни состојки за стабилизирње и се употребуваат во екстремно мали количини во готовите производи и поради тоа не би требало да претставуваат опасност по здравјето на потрошувачите. Производството на готови производи од горенаведените серии е целосно стопирано.

Соодветно на законските регулативи, залихите од засегнатите производи се ставени во карантин и започнато е нивно повлекување.

Сите останати производи од Алма М, освен горенаведените серии, НЕ СЕ засегнати и се безбедени за конзумирање за потрошувачите.

Совет за потрошувачите:

Како дел од нашата силна посветеност да го обезбедиме здравјето и безбедноста на нашите потрошувачи, ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата внимателно и да ги информираме потрошвачите.

Алма М бара од крајните потрошувачите кои имаат купено од горенаведените производи и истите ги имаат на залиха, да не ги конзумираат и истите да бидат вратени во местото на продажба. Доколку истите ги вратат во местото на продажба, задолжително е да се прикаже и фискалната сметка. Бараме од потрошувачите  да ги вратат производите доколку ги имаат на залиха до 31.08.2021.

За нас, здравјето и сигурноста на нашите потрошувачи секогаш биле и ке останат со највисок приоритет. Во контекст на горе наведеното, се извинуваме за непријатностите.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button