ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Андонов: Влошување на руско-украинскиот конфликт би предизвикал економски шок во ЕУ, но и пошироко

Советникот на премерот за прашања од областа на енергетиката, Виктор Андонов, оценува дека евентуално влошување на конфликтот помеѓу Русија и Украина ќе доведе до економски шокови, како кај нас така и во економијата на ЕУ, но и пошироко.

„Европската Унија 41% од потребите за природен гас ги увезува токму од Русија. Не е само гасот. Во поглед на сурова нафта – 27% од Русија. И во поглед на цврсти горива – 46%. Имајќи ги овие бројки во предвид секако дека ова ќе има некакво влијание. Истото се однесува и за кај нас. Бидејќи ние вкупните потреби за гас, нафта и нафтени деривати ги добиваме од увоз“, вели Андонов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button