ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ангелов: Мојата средба со Џафери е излишна

Откако завчера Стојанче Ангелов, лидерот на партијата „Достоинство“ и директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), најави дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ, техничкиот премиер Талат Џафери вчера најави дека денеска ќе разговара на оваа тема со него и дека ќе биде разрешен доколку се одлучил на таков чекор.

По најавата на техничкиот премиер Талат Џафери за средба со директорот на ЦУК, Стојачне Ангелов, за кого рече дека ќе го разреши доколку ја почнал постапката за излегување од коалиција со СДСМ, на социјалната мрежа Фејсбук се огласи Ангелов. „Мојата средба со Џафери на оваа тема е излишна“, му порача тој на премиерот.

Како директор на ЦУК мој приоритет секогаш била, е и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција, додава тој.

„Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен, јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука“, дециден е директорот на ЦУК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button