ВЕСТИСВЕТ

Усвоен новиот Европски закон за слобода на медиумите

Советот на ЕУ го усвои Европскиот закон за слобода на медиумите, кој има за цел заштита на слободата на медиумите, медиумскиот плурализам и независноста на уредувачката политика во Унијата.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со Европскиот закон за слобода на медиумите (ЕМФА) се воспоставува заедничка рамка за медиумските услуги на ниво на ЕУ и се воведуваат мерки насочени кон заштита на новинарите и медиумите од политичко мешање, а истовремено треба да придонесе за олеснување на нивното работење.

Новите правила го гарантираат правото на граѓаните за пристап до бесплатни информации од повеќе извори и ја дефинираат одговорноста на земјите членки да обезбедат соодветни услови и рамка за заштита на новинарите и медиумите.

Усвојувањето на регулативата претставува одговор на зголемената загриженост во ЕУ за политизацијата на медиумите, за недостигот на транспарентност околу сопственоста на медиумските куќи и за начинот на користење на државните средства за рекламирање.

Со Законот, се воспоставуваат заштитни мерки за борба против политичкото мешање во уредувачката политика на медиумите, за заштити новинарите и нивните извори на информации и за гарантирање на медиумските слободи и плурализам.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button