ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово – сопственици на дуќани и куќи сѐ уште чекаат обештетување поради поплавите од пред две години

Повеќе од 160 сопственици на куќи и дуќани од Тетово кои претрпеа големи штети за време на поплавите пред две години, и натаму чекаат обештетување од Владата и општина Тетово. Еден од нив е Пајазит Ковачи, кој во својата работилница имал штета од околу 35.000 евра.

„До сега ништо не е платено ниту од државата ниту од општината, ништо. Оштетата е близу 35.000 евра, оштетена е комората и целата механизација, дојде комисија, полиција ама ништо. Многу нè оштети, но сами го саниравме, позади има алат кој не е поправен. Сега дел од нив стававме во функција, но со сопствени финансии“, вели Пајазит Ковачи, жител.

Од општина Тетово велат дека обештетувањето на жителите треба да го направи Владата до која е испратена документацијата.

„Ја имаме готова целата документација од терен и доколку Владата го сменила ставот во врска со оваа постапка, требало да не извести како локална самоуправа, и да ги пушти потребните алатки. Станува збор за повеќе од 150 оштетени објекти, висината на штетата изнесува четири милиони денари. Вреди да се напомене дека што се однесува до обврските на општина Тетово, еден дел е исполнет и наскоро ќе започне исполнувањето на останатите обврски“, рече Бесарта Рамазан, портпаролка на општина Тетово.

Додека жителите чекаат обештетување, Јавното комунално претпријатие „Тетово“ веќе започна со превентивни мерки од можни поплави.

„Апелирам до жителите кои имаат тврд отпад за фрлање, да не контактираат на броевите на фирмата и ќе им обезбедиме услуга, ќе одиме дома и ќе го однесеме отпадот да не го фрлаат во река, бидејќи штетата од фрлањето во река е многу поголема“, вели Самет Бислими. директор на ЈКП „Тетова“, Тетово.

Пред две години Тетово беше зафатена од поплави во мај и јули, при што беа оштетени 130 куќи и 37 деловни простории.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button