ВЕСТИЗДРАВСТВО

Големата кашлица го полни Козле

Во детската болница во Козле голем е бројот на пацинети со голема кашлица, но во болница се примаат само најзагрозените бебиња. На одделот за интензивна нега во „Козле“ во моментов има 5 бебиња, од кои најстарото е 3 месеци, додека најмалото само 25 дена.

Екипата на Алсат ги посети просториите на одделот. Мајката рече дека нејзиното тримесечно бебе ја примило само првата доза од вакцината ДиТеПер, а останатите дози ќе ги прими по целосно закрепнување.

„Сега е подобро отколку што беше… Прво ‘рчеше, а потоа почна да кашла. Но, најмногу ме исплаши кога ’рчеше”, вели една мајка.

Според податоците на Центарот за јавно здравје, во последната недела се регистрирани 72 нови случаи на голема кашлица или за 67% повеќе во однос на претходната недела. Најголем број или 58 има во Скопје. Возраста на заболените е од 0-44 години, додека најголем број се во возрасната група од 10-14 години. Од почетокот на годинава до 21 март во земјава се регистрирани вкупно 287 случаи на кашлица.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button