КОШАРКАСПОРТ

Џонтеј Портер се обложувал на своите настапи во Торонто?!

Џонтеј Портер од редовите на Торонто Pепторс е исфрлен од екипата затоа што НБА-лигата против него почна истрага.

„ЕСПН“ пишува дека лигата има докази дека Портер веќе некое време се обложувал на своите настапи за Торонто, а поради тоа кошаркарот би можел да добие суспензија. Портер на мечот против Клиперс наводно се обложил дека ќе има помалку од 5,5 поени, 4,5 скокови, 1,5 асистенции и 0,5 тројки на натпреварот.

Кошаркарот не се ни обидел да шутне за три поени, имал една асистенција и три скокови, додека на мечот не се запишал во листата на стрелци затоа што поминал само четири минути на паркетот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button