РАКОМЕТСПОРТ

Претстојните собири, РФМ одреди премии за сениорските репрезентации

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе неколку одлуки на последната седница. По итна постапка беа утврдени премиите за сениорските репрезентации, за пласман на претстојните големи собири.

Ракометарите во мај ги очекува двомеч против Фарските Острови за пласман на Светското првенство кое следниот јануари ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Од друга страна, дамите се на добар пат да се пласираат на Европското првенство кое кон крајот на оваа година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

За пласман на мажите, односно жените на двата големи собири, Управниот Одбор на РФМ утврди премии во висина од по два милиони денари (2.000.000 денари). Девојките последните два натпревари од квалификациите ќе ги одиграат против Азербејџан на гости и Литванија дома, а на табелата имаат по два бода повеќе од следните ривалки. Од друга страна, ракометарите на осми мај гостуваат кај Фарските Острови, додека четири дена подоцна на домашен паркет ќе бркаат виза за Мундијалот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button