МАКЕДОНИЈА

Арифи не ги исполни ветувањата во Тетово, вели Касами

Кандидатот на Движењето Беса, за градоначалник на Тетово, Билал Касами во „Емисија 200“ на Алсат рече дека досегашната градоначалничка, Тетута Арифи, два мандата не успеала да ги реализира проектите и дадените ветувања.

Во таа насока тој изрази уверување дека под негово водство во оваа општина ќе се случи спротивното и како што вели, за тоа ќе има доволно средства.

„Секако дека два мандата Теута Арифи не успеа да ги реализира дадените проекти и ветувања, секогаш кога нема да ја каже вистината за булеварот ќе бидам должен да покажам дека еден од булеварите не е отворен по урбанистички план. Ние со консолидација на буџетот на општина Тетово ќе обезбедиме дополнителни средства за финансирање на проектите што ги нудам, ќе обезбедиме средства со проекти од владини фондови и меѓународни донатори. Гарантирам дека за сите проекти што ги ветив ќе се обезбедат доволно средства“, рече Касами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button