МАКЕДОНИЈА

Арсовска: Да се потсетиме на значењето на солидарноста, соживотот, толеранцијата

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам.

-Со искрени желби за добро здравје, среќа, радост и благосостојба, на сите граѓани од исламската вероисповед им упатувам срдечни честитки по повод Рамазан Бајрам. На првиот ден на Рамазан Бајрам, да се потсетиме на значењето на солидарноста, соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање, се вели во честитката.

Според Арсовска, сплотени, заедно можеме многу да промениме на подобро и да придонесеме за благосостојба на сите наши сограѓани, градејќи праведно, правично и просперитетно општество во кое сите поубаво и подобро ќе живеат. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button