ВЕСТИ

Атовска: Мариопулос и Харков се срамнети со земја

Мариопулос и Харков се срамнети со земја, а безбедно е само во западна Украина и во централниот дел на Киев, вели во своето вечерашно вклучување во „Емисија 200“, новинарката Кристина Атовска, која известува од боиштата во Украина. Како што рече таа, двата града се срамнети со земја.

„Можам да кажам дека состојбата е безбедна во централниот дел на Киев и во западниот дел на Украина. Тоа не е воопшто случај со источниот дел. Таму се водат сѐ уште војни. Секој ден добиваме известување дека има барем по една бомба во Доњецк, во Луганск, во Харков, Мариопулос…можам да кажам дека Харков и Мариопулос се срамнети со земја. Таму активно се води војна“, вели Атовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button