СПОРТФУДБАЛ

АТП: Калин Ивановски со најдобар пласман во кариерата

Калин Ивановски, забележа скок од 26 позиции на најновата АТП ранг-листа. Најдобриот тенисер од Македонија, се најде на 305. место што е негов најдобар пласман во кариерата, за една позиција повисок од оној на 7 август годинава.

Ваквиот скок се должи на учеството во осминафиналето од Челинџерот во Братислава одржан минатата недела каде успешно ги мина квалификациите, а потоа и првата пречка на турнирот, германскиот тенисер Петер Гојовчик кого го совлада со 2-0.

Ивановски ќе има можност уште повеќе да го подобри својот пласман неделава затоа што ќе учествува на Челинџерот во Хамбург. /Sport1/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button