КОШАРКАСПОРТ

Лилард дебитираше во дресот на Милвоки, Мајами славеше против Мемфис

Очите на кошаркарскиот свет изминатата вечер беа вперени кон „Крипто“ арената во Лос Анџелес каде најголемиот трансфер оваа претсезона, Дамиен Лилард дебитираше во дресот на Милвоки.

Сепак бекот не успеа да се прослави забележувајќи 14 поени при резализација 3/10 од поле, три асистенции и два скока во победата на неговиот тим над Лос Анџелес Лејкерс кој настапи без Леброн Џејмс со 97-108.

Никола Јокиќ и неговиот Денвер забележаа победа од 116-102 во претсезонскиот пријателски натпревар против екипата на Чикаго. Српскиот интернационалец средбата ја заврши со 15 поени, 9 скокови и 5 асистенции за 23 минути поминати во игра.

Изминатата вечер на победа се радуваше и Мајами кој славеше со 132-124 против Мемфис, како и Голден Стејт кој по продолжение беше подобар од Сакраменто со 115-121.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button