СВЕТ

Бајден домаќин на Меркел во јули

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден на 15 јули ќе биде домаќин на германската канцеларка Ангела Меркел во посета со која треба да бидат потврдени „длабоките билатерални врски“ меѓу нивните земји.

Портпаролката на Бајден, Џен Псаки, ги објави плановите, откако двајцата лидери се во посета на Англија за Самитот на Г7 кој треба да се одржи за време на викендот меѓу водечките индустриски развиени земји. Меѓу другото, на агендата е трансатлантската соработка за прашањата што се однесуваат на Русија, Иран и Кина.

Германското учество во завршувањето и отворањето на гасоводот „Северен поток 2“ вреден 11 милијарди долари за транспорт на руски гас кон Европа, ги комплицираше односите меѓу двете земји сојузнички во НАТО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button