ВЕСТИСВЕТ

Бајден ја укина одлуката на Трамп и повторно го ограничи влезот во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во Соединетите држави за мнозинството не-Американци, кои доаѓаат од Велика Британија, Бразил, Ирска и поголемиот дел од Европа.

Тој се очекува да ги прошири овие забрани и за лица кои неодамна биле во Јужна Африка поради информации за појава на нови, попреносливи видови на коронавирус во САД, изјави претставник на Белата куќа.

Одлуката на Бајден е дел од планот на новата администрација за борба против коронавирусот, кој изби во Соединетите држави, најсилно погодената земја во светот според бројот на случаи на инфекција (25,1 милиони) и бројот на смртни случаи – повеќе од 419 000.

Веќе во првите денови од преземањето на функцијата, Бајден ги заостри прописите за носење маски и нареди карантин за луѓето кои доаѓаат во САД со авион.

Доналд Трамп во последните денови на власт објави дека ќе бидат укинати забраните за влез во САД за патници од поголемиот дел од Европа и Бразил, но администрацијата на Бајден објави дека веднаш ќе ја укине наредбата, која требаше да стапи во сила на 26 јануари.

На 31 јануари 2020 година, Трамп ја објави првата забрана за влез на патници во земјата од Кина, со цел да се запре ширењето на вирусот. Забраната беше проширена на европските земји на 14 март.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button