ВЕСТИСВЕТ

Бајден потпиша укази со кои се поништени некои одлуки на Трамп

Новиот американски претседател Џо Бајден потпиша укази со кои ја изрази намерата САД повторно да пристапат кон Париската спогодба за климата и во Светската здравствена организација (СЗО).

Трамп во 2018 година донесе одлука за излегување на САД од Париската спогодба за клима, а во 2020 година и од СЗО.

Бајден потпиша и укази за запирање на изградбата на ѕид на границата со Мексико и за укинување на забраната за влез во САД за државјаните на некои земји со муслиманско мнозинско население, кои исто така беа одлуки на Трамп.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button