ФУДБАЛ

Барселона го освои Купот на Шпанија

Барселона е освојувач на Купот на Шпанија, откако во финалето го совлада Атлетико Билбао со 4:0. По првото полувреме без голови, во 60 тата минута Антоан Гризман го отвори резултатот, по што Де Јонг зголеми на 2:0. Следниот беше Лионел Меси кој постигна два гола по ред за да го обезбеди трофејот за Барселона. Ова беше 39 титула во Купот на Шпанија за каталонскиот тим и прва по 2018. Потсетиме дека ова е прв трофеј за тренерот Роналд Куман, кој по натпреварот, соопшти дека Барселона ќе се бори до крајот на сезоната за титулата во Ла Лига.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button