КОШАРКАСПОРТ

Барселона минатата сезона претрпе сериозни финансиски загуби

Наместо планираниот минус од 28 милиони евра, вкупниот износ на расходите ги надмина првичните проекции за 88 отсто и изнесува 56,6 милиони евра.

Лошата финансиска состојба ја влоши и раскинувањето на договорите со Шарунас Јасикевичиус, Никола Миротиќ и Кори Хигинс. Вкупниот трошок на тие одлуки беше 25,27 милиони евра, но оваа сума нема да влезе во буџетот за следната сезона, се вели во извештајот.

За сезоната 2023/24. се предвидуваат загуби од 13,77 милиони евра. Намалувањето на буџетот на 30 милиони евра беше првиот чекор во мерките за намалување на трошоците што ги спроведе претседателот Жоан Лапорта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button