ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Беџети во „единицата“, Ахмети во „шестката“ – Европскиот фронт ги претстави носителите на листи

Од Европскиот фронт, предводен од ДУИ, денеска информираа дека имињата на носителите на изборните листи синоќа ги доставиле до ДИК. Како што соопшти на конференцијата за новинари, Арбер Адеми од ДУИ имињата на носители на листа во 6-те изборни единици е следен:

1 – Блерим Беџети
2 – Садула Дураку
3 – Сулејман Баки
4 – Енвер Хусеин
5 – Зијадин Села
6 – Али Ахмети

Европскиот фронт е под мотото „Да на Европа, не на Русија“, а како што кажа Адеми, коалицијата ќе се залага за гласот на секој граѓанин.

„Европскиот фронт ќе се бори за секој глас, на секој граѓанин без разлика на етничката припадност“, рече Адеми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button