СПОРТФУДБАЛ

Реал Мадрид нема да ја продолжи соработката со Кепа Аризабалага

Реал Мадрид нема да ја искористи опцијата и да го откупи од Челси договорот на Кепа Аризабалага. По завршувањето на сезоната, Кепа ќе се врати на „Стенфорд Бриџ“.

Тој во Реал пристигна во август, кога Тибо Куртоа ги скина лигаментите во коленото. На почетокот Кепa беше стартер, но не го импресионираше Карло Анчелоти, кој шанса му даде на Андриј Луни. Украинецот максимално си ја искористи шансата, па сега Реал сака да му го продолжи договорот. Кепа досега во сезоната имаше 18 настапи за Реал.

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетињо, во тимот ги има србинот Ѓорѓе Петровиќ и шпанецот Роберто Санчез.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button