ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бездомник во Охрид живее во превртено кајче

Чамец сместен во населбата Лагадин на самиот брег на Охридското езеро веќе подолго време му е дом на повозрасен граѓанин. Немајќи каде да живее, тој засолниште од студот и дождот нашол под овој чамец. Поради здравствени проблеми и скршена нога, денеска не можеше да излезе од чамецот. Ни кажа само дека нема храна, лекови и оти вода пие од езерото.

„Немам пари, ги изгубив сите документи. Скршена ми е ногата“, вели бездомникот.

-Во зима овде ли живееш под чамецот?

„Овде да“.

-Со храна како се снаоѓаш?

„Ми донесе еден човек за јадење, но ми треба вода. Наполни ми вода од езерото“…

-Значи вода пиеш од езерото?

„Да, од езерото вода. Кој ќе ми донеси јадам. Немам пари, само два денари имам“…

-Дојде ли вчера брза помош?

„Да, ми помогнаа, но треба да ги чекам да ми дадат апчиња….“

Овој човек ни рече дека имал работено во Америка, но оти останал без сите документи, а како бездомник живеел со години.

„Јас ништо не работам сега. Ги имам изгубено картите. Ми треба едно ќебе едно одоздола едно одгоре. Овде е убаво. Не врне….“, вели бездомникот.

Од Брзата помош во Охрид за Алсат рекоа дека вчера доцна попладне примиле повик за човек кој живее под кајче и на кого му е потребна итна помош. Нивна екипа веднаш интервенирала, по што констатирале дека човекот е со повреден скочен зглоб на левата нога. Откако му направиле преврска и му дале соодветна терапија, се обиделе да го транспортираат во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, но тој тоа го одбил, по што пријавиле и во полиција. Според наша проценка, станува збор за лице на возраст помеѓу 75 и 80 години. Граѓани случајот го пријавиле и во Центарот за социјални работи и Центарот за управување со кризи.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button