ЗДРАВСТВО

Бидете внимателни со клима уредот!

Бидете внимателни со клима уредот!

Многумина ќе се согласат дека ништо не може да ја освежи просторијата, како климата уредот, која многу луѓе ја имаат во своите домови. Сепак, познато е дека вашиот летен другар не е толку добар за вашето здравје, доколку се користи многу и не се внимава.

Во климатизираните простории, воздухот обично не е доволно влажен, што негативно влијае на слузницата на респираторниот тракт. Ова може да доведе до сушење на кожата и мукозните мембрани, што дополнително може да предизвика воспаление на горниот респираторен тракт.

Ова воспаление најчесто се манифестира со кашлица, чешање и болки во грлото. Во најтешкиот случај, ова воспаление може да доведе до интензивно кашлање и општа непријатност во органите за дишење и кај астматичари.
Климата е исто така една од водечките причини за легионерска болест. Оваа болест е предизвикана од бактеријата Легионела, која преживува и се развива на температура меѓу 30 и 37 степени. Со вдишување воздух, оваа бактерија стигнува до човечките бели дробови.

Кога некое лице ќе се зарази со легионела, се појавуваат симптоми како треска, болки во мускулите и кашлица. Малку поголем ризик од инфекција имаат луѓето кои генерално се борат со респираторни проблеми, хронично болните, лицата со ослабен имунолошки систем, постарите лица и децата.

Иако ова може да звучи страшно, експертите сметаат дека нема место за паника и дека одржувањето на клима уредот е доволна превенција. Потребно е целосен сервис да се прави еднаш годишно а доколку се користи и за греење во текот на зимата два пати.

Запомнете дека е неопходно температурата во просторијата да биде оптимална и не премногу ниска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button