ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Кризните години однесоа 1,7 милијарди евра

Заменик претседателот на владата, задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека годините со пандемијата, но и глобалната економска криза предизвикала безмалку ве милијарди евра да бидат наменети за антикризни наместо за развој на економијата, изрази очекување дека пакетот во кој влезе и субвенционирањето на цената на електричната енергија ќе бидат последни од ваков вид.

„Овие две години кризи, побаруваа од прилика 1,7 милијарди евра наши пари да не се потрошат во развојни цели туку да се искористат за справување со кризата. Се надевам дека ова ќе биде последен пакет којшто го носиме“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button