ЕКОНОМИЈА

Бизнисмените во Македонија скептични за балканскиот Мини Шенген и Зелените коридори

Бизнис заедницата во Македонија и натаму е скептична по плановите за  развој на регионалната соработка како што се Мини Шенгенот или сега најавените Зелени коридори. Од Организацијата на работодавачи сметаат дека земјите од Западен Балкан имаат потешкотии со економската соработка. Како проблематични ги наведуваат многуте царини и лошата  инфраструктура. Дополнително на многу гранични премини поради процедурите, сè уште има заглавени камиони, некогаш и со денови.

„Постојано се поставува прашањето дали доколку ни беше одобрен влез во вратата на ЕУ, ќе размислувавме за една ваква синергија? Дали овој договор може да биде ефикасен ако во него членуваат само три балкански земји, а зошто другите соседи не покажуваат интерес?“, велат од Организација на работодавачи.

За иницијативата за Мини Шенген меѓу Македонија, Косово, Албанија и Србија, стопанствениците предупредуваат дека нашиот пазар не е спремен да дозволи да се преплави со производи од српскиот пазар. Затоа можеби треба да се размисли за пропорционална размена меѓу трите земји бидејќи Косово одбива да ѝ се приклучи на иницијативата. Властите пак, на ваквите иницијативи ги гледаат како можност за развој на економијата и придобивки за граѓаните. Освен стока, планот е слободно да транзитира и работната сила.

„Зелените коридори се многу битни бидејќи убедливо најголем дел од трговската размена како на Северна Македонија, така и на сите држави од регионот на Западен Балкан, се одвива со државите членки на ЕУ“, рече Зоран Заев, премиер.

Како клучен проблем во регионот стопанствениците го посочуваат и недостигот на работна сила и тој велат, не е само проблем на македонската економија, туку и пошироко. Ако не се смени културата и политиката на цела Европа, плановите за слободно движење на работна сила нема да даде никаков резултат.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button