МАКЕДОНИЈА

Приведен дебранец осомничен за предизвикување пожар

Вчера попладне полицајци во Дебар го привеле шеесетгодишниот дебранец Б.М. кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, а во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

„Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација. Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за „предизвикување шумски пожар“ од Кривичниот законик“, наведуваат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button