ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Блокиран изборот на новите уставни судии

Шефицата на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска од собранискиот спикер Талат Џафери побара да го заложи својот авторитет и Собранието да избере четири уставни судии во насјкоро време. Кацарска во писмото до Џафери изразува загриженост за состојбата во Уставен бидејќи моменталнно во судот работат само пет уставни судии, наместо девет.

„Ова има влијание при одлучувањето кога често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство. Покрај ова, морам да напоменам дека пред Судот треба да се разгледуваат предмети кои се од врвен интерес за државата, а за кои е потребно да се одлучува во полн состав со што одлуките би имале поголема тежина“, рече Добрила Кацарска, претседателка на Уставен суд

Џафери одговори на писмото и рече дека поради опструкции во  работата на Комисијата за избори и именувања, не може да се предложат судии.

„Предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието и во моментов Собранието не може да избере Уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд“, велаат од собрание

Пратеникот Милошоски од ВМРО ДПМНЕ вели дека тие иако опозицијата има мносинство гласови, тие ќе бидат конструктивни за предлогот на нови уставни судии.

„Ние кажавме дека како опозиција и во овој момент сме спремни да се закаже таа комисија и доколку има квалитетна понуда за членови на Уставниот суд да расправаме и да донесеме најдобро можна одлука. Но, очигледно е дека валста веќе има ветено на некого кој да биде уставен судија и затоа сака да направи измени во комисијата“, вели  Антонио Милошоски,

Уставниот суд од годинава работи само со пет судии од вкупно девет судии откако во јануари истече мандатот на еден од уставните судии. / Алсат.мк

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button