ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Боки 13 хоспитализиран на Клиника

Бојан Јовановски, познат по прекарот Боки 13, кој е осуден и издржува затворска казна за случајот „Рекет“, денеска во 10 часот бил хоспитализиран во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје поради хируршка интервенција – тотална гастректомија, односно целосно отстранување на желудникот, соопштија неговите адвокати.

Правниот тим на Јовановски изминатиов период во повеќе наврати преку соопштенија во јавноста информираше за влошување на неговата здравствена состојба и бараше од Основниот кривичен суд Скопје прекин на извршувањето на затворската казна.

„Согласно специјалистичкиот извештај, ве информираме дека за извршувањето на операцијата која по својот карактер е сложена, високоризична и со неизвесен исход од истата, формиран е тим на повеќе хирурзи – специјалисти од областа кои ќе ја извршат операцијата, а истовремено напоменуваме дека хирурзите специјалисти се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високоризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот“, се наведува во соопштението од правниот тим на Јовановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button