ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Британската верзија може да предизвика нов пик, Владата отвори пат за кинеската вакцина

Новата варијанта на корона вирусот може да предизвика нов пик во земјава, велат инфектолозите. Иако првиот случај со „британската“ верзија на вирусот беше официјално потврден вчера, постојат сомневања дека тој циркулирал уште пред Нова година. Епидемиолозите истражуваат и дали масовната инфекција на медицинскиот персонал на Клиниката за нефрологија е можеби предизвикана од овој вид на вирус кој се пренесува три пати побрзо од Ковид-19.

Министерство за здравство

„После земањето на дел од брисевите ќе се прави секвенционирање на геномот на вирусот Сарс-Ков 2 за да се види дали евентуално станува збор за мутација од британски тип.“

Институтот за јавно здравје соопшти дека за да се избегнат какви било зголемени ограничувачки мерки, треба да се избегнуваат групирања на луѓе во затворени простории, да се носат маски и редовно да се врши дезинфекција. Микробиологот Дугаѓин Османи појаснува дека пациентите кои веќе биле излекувани од корона вирусот не се имуни на британската мутација.

„Населението да не се чувствува опуштено затоа што веројатно луѓето кои биле заразени со корона повторно можат да се разболат со новата варијанта. Граѓаните треба да бидат свесни дека треба да се избегнуваат небитни, како и непотребни собири за да не им дадеме простор на новите варијанти на вирусот да предизвикаат нов пик.“

Во една од приватните клиники, каде што првиот пациент бил третиран со новата варијанта на вирусот, известуваат дека неодамнешните студии покажале и зголемување на смртноста од овој сој, особено во категориите граѓани со хронични здравствени проблеми. Докторите сепак велат дека нема простор за паника бидејќи симптомите на оваа мутација се поблаги за повеќето пациенти кои имаат посилен имунитет.

Во меѓувреме, Владата ја одобри одлуката за снабдување со кинеските вакцини. На владината седница беше дадено зелено светло за набавка на 200 илјади вакцини од фирмата СиноВак од каде до крајот на неделава ќе соопштат кога тие би пристигнале од Пекинг во Скопје.

Adan qaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button