ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата од редовите на Албанците го напушти Собранието на пратеничките прашања

Опозицијата од редовите на Албанците ја напушти седницата на Собранието за пратенички прашања, во знак на протест против претседателот на Собранието Талат Џафери, бидејќи тој не му овозможи на првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села да биде меѓу првите на листата за поставување прашања. Пратеникот на Алијанса – Алтернатива, Скендер Реџепи, го обвини Џафери дека се обидел да ја замолчи опозицијата, додека ја игра улогата на портпарол на ДУИ. Но, Џафери одговори дека работи според Деловникот.

„Не случајно информиравме дека денеска на пратенички прашања се појавува претседател на политички субјект, еден од претседателите на коалицијата Алијанса и Алтернатива, а претседателот на Собранието го рангираше петти за да зборува, а координаторот на парламентарната група кој сум јас, сум 13 – ти на листа“.

„Да бев како што вели Скендер, денеска ќе требаше да имам список само од пратениците на ВМРО ДПМНЕ и Левица поради фактот што само тие две групи имаат поднесено список во рокот предвиден со Деловник, но за да ги избегнеме сите овие разговори, ги прифатив листите дури подоцна за да имаме список“.

Опозицијата од редовите на Албанците рече дека дури и на следните седници нема да поставуваат прашања, се додека нејзините пратеници не бидат меѓу првите двајца на списокот за поставување прашања. За време на седницата, пратениците на ВМРО ДПМНЕ побараа одговорност од главниот обвинител Љубомир Јовевски за случајот „Монструм“. Јовевски не ги коментираше завршните зборови на обвинителката Фетаи.

На денешната седница, фокусот беше ставен и на одговорите на вицепремиерот Артан Груби, до пратеникот Изет Меџити од ДУИ, кој иако направи врева на последната седница, не беше присутен денеска.

„Го молам пратеникот Изет Меџити да се изјасни за одговорот добиен од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците на прашањето поврзано со дискриминацијата во индустриската зона Визбегово, односно во согласност со член 43 од деловникот да го искористи правото да му поставува дополнителни прашања во време на продолжување од три минути. Пратеникот не е присутен “.

На средба со новинарите, претседателот на Собранието, Џафери, прашан до кога законодавниот дом нема да ги исполни условите за транспарентност во врска со емитувањето на сите седници на комисиите, тој додаде дека утре ќе имаат средба со претставници на Швајцарската амбасада за да се најде решение.

Mefail Ismaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button