ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Контроверзната група „Јавна соба“ вечерва е затворена

Контроверзната група „Јавна соба“ вечерва е затворена од страна на сервисот за интернет комуникација „Телеграм“. До моментот на затворањегрупата броеше околу 8.000 членови. Полицијата засега приведе четворица поврзани со групата на „Телеграм“. Двајца битолчани, штипјанец и велешанец. Тие се задржани во полициска станица, велат од МВР за Алсат. Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев ги повика сите да се повлечат во групата или ќе бидат најдени од полицијата. Инаку, до затворање на групата дојде откако Заев на „Фејсбук“ напиша ако „Телеграм“ не ја затвори групата, државава ќе мора да ја блокира сè додека не почнат да соработуваат.

„Да се затвори проблематичната група и да ни помогнат во откривање на идентитетот на оние кои споделуваат слики и прават кривично дело. Нам како Влада ни на крај памет не ни паѓа да цензурираме комуникација, но ова е нешто друго и мораме да си ги заштитиме своите граѓани. Денес ова се случува на Телеграм, а утре можеби на некоја друга платформа.“

Опозицијата обвинува дека реактивирањето на „Јавна соба“ ја покажува неспособност на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според ВМРО-ДПМНЕ, екс-министерот Наќе Чулев, кој беше од нивните редови, лани многу брзо го затворил случајот.

„Последниот случај на неколку пријави од девојки кои биле жртви на „Јавна соба“ и кои јавно излегоа да говорат за тоа како биле избркани од МВР со образложение дека не можат да им помогнат, дека секое чудо траело за три дена, ќе ги заборавеле и дека немале надлежност, само говори за односот на Оливер Спасовски и СДСМ кон жртвите коишто не се само жртви на неколку илјади пазачи, туку се и жртви на неспособниот систем. Вистината е следна, а тоа е дека не им се работи, а можат случајот да го решат за само еден ден.“

И шефот на државата, Стево Пендаровски, бара одговорност за случајот. Фотографии на девојки, најчесто од плажа, објавени на нивни социјални профили на „Фејсбук“ или „Инстаграм“ сега се споделуваат на „Телеграм“ во сосема поинаква конотација, без воопшто тие да знаат.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button