МАКЕДОНИЈА

Ќерими: Изборите и референдумот беа пречка за систематизација на административците

Државниот секретар во Министерството за политички систем, Рами Ќерими не ја смета за неуспех несистематизирањето на административците на нивното работно место. Според него, законот предложен од Министерството за политички систем и одобрен од Собранието става крај на ова прашање што е присутно во нашата земја со години. Ќерими во емисијата „Патот кон …“ на Алсат, ја правда несистематизацијата на административците поради последните политички случувања во земјата, поточно одржувањето избори и референдум.

„Не мислам дека е неуспех бидејќи Министерството за политички систем беше формирано минатата година, претходно функционираше како Секретаријат за Охридскиот договор и нормално, бројот на овие вработени за кои зборуваме денес е многу поголем од самиот почеток., некаде над 3800, додека денес станува збор за 1349 кои ќе бидат решени според овој закон. Во реалноста, овој проблем започнува од 2010 година, голем број од нив останаа несистематизирани, од 2010 година, и ако ги земеме предвид околностите што се случија од 2010 година до денес, имавме 4 парламентарни избори, 2 локални избори, 2 претседателски избори и референдум, што значи дека отсекогаш имало пречки за постигнување на оваа цел. Исто така, законските норми во минатото оставаа простор на голем дел од нив да ја одбијат својата работа каде што беа назначени. Сега, со законот одобрен од Министерството за политички систем, со овој закон, сите институции се должни да ги прифатат сите овие администратори“, изјави Рами Ќерими, државен секретар во Министерството за политички систем.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button